Паквајо и Бронер закажаа боксерска пресметка во јануари

Филипинскиот боксер Мани Паквајо по двегодишна пауза ќе се врати во рингот и ќе ја брани титулата во велтер категорија во верзијата ВБА, закажувајќи голема боксерска пресметка со Адриен Бронер во „МГМ Арена“ во Лас Вегас, на 19 јануари идната година. Тој се радува на новиот предизвик.

„Ми недостигаше боксувањето во Лас Вегас. Се радувам на новото искушение. Се надевам дека ќе го одбранам шампионскиот појас“, изјави Мани Паквајо.

39-годишниот боксер од Филипините ја истакна и својата желба за реванш меч против Флојд Мејведер, кој го совлада во 2015 година.

Се вчитува...