Палас немаше шанси, Челси лесно до нова победа

Челси експресно се рехабилитираше од шокантниот пораз од ВБА минатиот викенд, славејќи рутински на лондонската пресметка со Кристал Палас со 1-4 за враќање на победнички патеки во Премиер-лигата.

Избраниците на Томас Тухел целата работа ја завршија во првите десет минути, а во главна улога беше Каи Хаверц. Германецот најпрвин стрелаше прецизно за водство од 0-1, а веднаш потоа му асистираше на Пулишиќ за вториот гол на Челси. Зума постигна гол со прецизен удар со глава и на одмор се замина со 0-3.

Кристал Палас преку Бентеке на 1-3, но Челси продолжи да доминира на теренот, создаде уште пет-шест одлични шанси од кои искористи само една, Пулишиќ од непосредна близина ги постави конечните 1-4.

Се вчитува...