Паласиос го одбил Реал и ќе потпише за Интер

Фудбалерот за врска на аргентинскиот тим Ривер Плата, Езекиел Паласиос, ја одбил понудата на Реал Мадрид и се согласил следното лето да потпише договор со италијанскиот калчолигаш Интер, откриваат медиумите во Аргентина. 20-годишниот Паласиос во моментот е надвор од терените поради фрактура на тибијата, а претходната сезона имаше еден гол и четири асистенции на 14 натпревари за Ривер Плата.

Паласиос смета дека Интер за него ќе биде многу подобра средина, каде би добил многу поголема минутажа отколку во Реал Мадрид. Големо влијание во одлуката имал и Лаутаро Мартинез, напаѓачот на „нероаѕурите“ кој е голем пријател на Езекиел Паласиос.

 

Се вчитува...