Една од најголемите сензации во историјата на тешката УФЦ категорија приредена на УФЦ 331 во Лос Анѓелес.
Палестинецот Шон Шараф ја шокираше целата ММА јавност, и го собори големиот фаворит Гејбл Стивсон со брутален нокаут за само 12 секунди.
Според официјалната статистика на УФЦ, ова е третиот најбрз нокаут во историјата на тешката категорија. Публиката во „Крипто Арената“ дури и не се смести на своите места, а борбата веќе беше завршена.
Гејбл Стивсон влезе во октагонот со огромни очекувања. Олимпискиот шампион во борење од Токио во 2021 година и двократниот шампион на НЦАА имаше совршен професионален MMA рекорд од 4-0, а многумина веќе го гледаа како иден предизвикувач за појасот во тешка категорија. Тренингот со легендарниот Џон Џонс дополнително ја поттикна приказната за неговиот подем.
Обложувлниците му дадоа речиси неверојатни шанси за победа – тој беше фаворит со коефициент од околу 1,04, додека Шараф беше целосен аутсајдер.
Веднаш по почетниот гонг, Стивсон се обиде да ја отвори борбата со удар со нога, но остави простор за контранапад.
Шараф реагираше брзо и удри директно во брадата на Американецот. Стивсон падна во несвест, а судијата Френк Триг веднаш ја прекина борбата по уште неколку удари.
Сè траеше само 12 секунди. Коментаторот на УФЦ, Џон Аник, веднаш извика:
„Едно од најголемите изненадувања на сите времиња!“
Џо Роган додаде дека Стивсон „бил целосно замолчен“ по ударот.
Sean Sharaf a Palestinian UFC Fighter who was a +1000 Underdog knocked out Gable Steveson in 10 seconds and said “ALHAMDULILLAH” and proceeded to recite Surah Al-Fatiha for his late brother in front of Las Angeles.
He is a legend and will forever be remembered in UFC history🏆 pic.twitter.com/XHDHoAdk1t
— THE ANTI GURU (@AntiGuruMMA) September 20, 2026
За 33-годишниот Шон Шараф, ова беше борба што можеше да ја одреди неговата иднина. Тој влезе во УФЦ со големи очекувања, но претходно ги загуби двете борби со нокаут и пристигна во октагонот со резултат од 0-2 во организацијата. Токму затоа неговата победа против еден од најголемите таленти во тешката категорија добива уште поголема тежина.
„Не сум изненаден. Работев напорно, се молев и верував во себе кога никој друг не веруваше.“
Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, му додели бонус од 100.000 долари за настапт, двојно повеќе од стандардниот бонус.
Поразот ја прекина совршената серија на Стивсон и неговиот професионален рекорд сега е 4-1. Аналитичарите на MMA веќе го нарекуваат овој исход едно од најголемите изненадувања во модерната историја на УФЦ, бидејќи поранешниот олимписки шампион се сметаше за речиси сигурен иден кандидат за титулата.
Социјалните мрежи беа преплавени со реакции, а особено беше споделено видео од исплашениот Џон Џонс, кој од првиот ред гледаше како неговиот штитеник завршува на подот по само неколку секунди од борбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
