Паличка го запре Македа – одбрана за паметење (видео)

Шпанија славеше со 29-28 на пријателскиот меч со Шведска, но најубавиот потег на натпреварот го имаше скандинавскиот голман Андреас Паличка.

Чуварот на мрежата на шведскиот национален тим се најде во ситуација еден на еден со Македа, поранешниот „вардарец“ силно биеше од контранапад, но Паличка со извонредна интервенција го запре неговиот удар.

 

Се вчитува...