Палиња го спаси Тотенхем од бламажа против „фенерџијата“ (ВИДЕО)

Екипата на Тотенхем беше пред сензационален пораз од последнопласираниот Вулверхемптон кој во првите пет кола немаше ниту еден освоен бод, но успеа да се спаси во последните секунди од мечот.

На Кудус му беше поништен гол за предност на Тотенхем, а потоа Буено во 54. минута од мечот донесе гостинска предност.

Тотенхем никако не можеше да го најде патот до голот, се до 94. минута кога Палиња од дваесетина метри упати прецизен удар и го совлада гостинскиот голман за „егал“.

Ова беше прв бод за Вулверхемптон во новата сезона, и тоа на теренот на еден од кандидатите за горниот дел на табелата. Тотенхем сега има 11 бодови.

Се вчитува...