„ПалмсБет“ очекува победа на Македонија против Ерменија

Фудбалската репрезентација на Македонија ја започнува кампањата во Лигата на нации на УЕФА против Ерменија во сабота на националната арена во Скопје. Македонија е во Групата 2 од Ц Лигата, во која, покрај Ерменија, се уште и Грузија и Естонија. За претстојниот натпревар PalmsBet очекува победа на Македонија, со коефициент за победа на домаќините од 1,79. Коефициентот за успех на репрезентацијата на Ерменија е 4,94, додека реми е со коефициент 3,63.

Македонија запиша позитивни резултати во квалификациите за ЕП 2020, изненадувајќи многу фудбалски стручњаци во Европа со освоеното трето место во групата пред репрезентациите на Словенија и на Израел. Сепак, не успеа да се избори со Австрија за второто место како би обезбедила место на ЕП следната година. Македонија забележа три победи на последните пет натпревари, а на домашен терен е во серија од два последователни успеси. На последниот натпревар на домашен терен, Македонија го победи Израел со 1-0, пред да ја совлада Словенија со 2-1. По овие резултати, се зголеми самодовербата во составот на Игор Ангеловски иако тимот нема одиграно официјален натпревар речиси една година. Македонските фудбалери сега посакуваат успешно да стартуваат и во Лигата на нации. Во првата сезона од Лигата на нации Македонија имаше моќен настап од пет победи на шест натпреари. И тогаш во групата ја имаше Ерменија и заврши со 5 бода повеќе од овој противник.

Македонскиот селектор Игор Ангеловски повторно ќе се потпре на искусните репрезентативци Горан Пандев, Иван Тричковски, Стефан Спировски, Илија Несторовски и Стефан Ристовски. Горан Пандев е најдобриот фудбалер на Македонија со 34 гола на 108 натпревари за националниот тим. Факт е дека фудбалерот на Џенова ќе биде главната закана за голот на Ерменците. Фудбалерот на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски, пак, ќе мора да командува со одбраната, бидејќи тој е играчот со најмногу натпревари за Македонија меѓу дефанзивците избрани од Игор Ангеловски.

PalmsBet не и дава големи шанси на Ерменија за успех на претстојниот натпревар, но гостите имаат неколку одлични играчи кои се натпреваруваат во квалитетни лиги. Кај Ерменците ќе недостасуваат повредениот Геворг Газарјан, како и Артур Саркисов и Румјан Ховсепјан. Ерменија се наоѓа во прилично лоша форма, губејќи ги последните три натпревари на крајот на 2019 година со вкупна гол-разлика 1-13. Го доживеаја и најголемиот пораз во историјата, 9-1 од Италија во последното коло од евроквалификациите. Во 1997 година, Ерменија загуби од Чиле со 0-7 на тест дуел, но едноставно поразот од Италија нема споредба. Ерменија доживеа порази на три од последните пет меча на домашен терен, и има една победа во овој период – 3-2 против Грција. Ерменците постигнаа гол на четири од тие натпревари, па може да се надеваат дека ќе постигнат гол и против Македонија. Во 2018 година, Ерменија го загуби гостувањето во Скопје со 0-2 во натпревар повторно од Лигата на нации. Голема е веројатноста Македонија повторно да слави, па обложувалниците им даваат предност на домаќините. Репрезентацијата на Игор Ангеловски е во улога на фаворит и се очекува да стартува со триумф во Лигата на нации 2020/21.

Се вчитува...