Палота му даде полна поддршка на Пауло Фонсека

Претседателот на италијанскиот калчолигаш Рома, американскиот бизнисмен Џејмс Палота, му даде целосна поддршка на тренерот Пауло Фонсека и ги демантираше гласините дека раководството му подготвува отказ. „Волчицата“ во минатото коло загуби од Удинезе на „Олимпико“, но Палота ги смири страстите и искажа доверба кон тренерот.

„Можам да кажам дека позицијата на Пауло Фонсека воопшто не е доведена во прашање. Тој останува на клупата и раководството на Рома има потполна доверба во неговата работа“, изјави Палота.

Рома вечерва му гостува на Наполи на „Сан Паоло“ во Неапол.

Се вчитува...