Кошаркарите на Панатинаикос направија голем пробив во првиот натпревар од плејоф серијата на Евролигата во Валенсија, откако по тотална драма благодарение на Кендрик Нан, кој беше смирен од линијата за слободни фрлања, остварија триумф во Валенсија 67:68.
Ова не беше убава кошарка, но беше плејоф кошарка, со солидна одбрана, токму онаква каква што треба да биде. И ни донесе вистинска драма и неизвесност до самиот крај, бидејќи Валенсија покажа дека нема предавања.
Тој го водеше Панатинаикос во овој натпревар буквално од самиот почеток, дури имаше и двоцифрена предност во неколку наврати, се чинеше дека сè ќе помине доста лесно, но шпанскиот тим секогаш наоѓаше како да се врати.
Мечот беше решен во последниот напад, кога Нан успеа да од „пенал“ да донесе победа за грчкиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

