Панатинаикос под казна се враќа со автобус од Истанбул

Газдата на кошаркарскиот клуб Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, по елиминацијата од 3-о во серијата против Фенербахче во четвртфиналната фаза од Евролигата, го казни својот тим откажувајќи ги авионските карти, по што играчите се приморани да се вратат со автобус назад во Атина.

Сопственикот на клубот разочаран од прикажаното во трите натпревари, каде Панатинаикос беше без надеж за било каков пресврт, ги натера играчите заедно со стручниот кадар да патуваат 12 часа и 1.100 километри од Истанбул до Атина.

За евентуален пласман на Ф4 завршницата, Јанакопулос ќе ги наградеше кошаркарите со бонус од 250.000 евра, но по заминувањето на Жељко Обрадовиќ во 2012 година, сега тренер на Фенербахче, Панатинаикос нема почуствувано пласман меѓу четирите најдобри екипи на Стариот континент.

Се вчитува...