Кошаркарите на Панатинаикос ја остварија втората победа во Евролигата откако вечерва со 102:79 беа подобри од Асвел.
Грчкиот тим кој во првите осум кола, дури седумпати ќе игра во својата „ОАКА“ арена, по две кола има две победи.
Панатинаикос не дозволи резултатска неизвесност, доминираше од првата до последната минута иако тренерот Жељко Обрадовиќ не можеше да смета на играчи како Нан, Слукас, Хејс Дејвис, Фал, Ернангомес.
Најинтересен момент на средбата беше лекцијата на Обрадовиќ за својот играч, Манцукас кој потоа постигна 16 поени до полувремето. Силван Франциско со 19 поени беше најдобар кај Панатинаикос, додека Сестина даде 14 поени за Асвел.
Екипата на Бешикташ ја оствари првата победа во Евролигата откако со 109:93 го совлада Макаби Тел Авив во Белград каде израелскиот тим ги игра своите натпревари како домаќин.
Уште во првото полувреме стана јасно како ќе се одвиваат работите бидејќи Бешикташ благодарение на одличниот шут за три поени поведе со 41:25.
Во продолжение, Бешикташ не го намали ритамот, со брза игра, многу додавања и шутеви од секоја слободна позиција ја одржуваа предноста и на крајот славеа со убедливи 16 поени.
Браун и Вилбекин со по 20 поени беа најдобри кај Бешикташ, додека во редовите на Макавби, најрасположен за игра беше Колсон кој даде 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
