Панчев: Драган Џајиќ треба да биде нов претседател на ФСС!

И најголемата македонска фудбалска легенда Дарко Панчев, кој својата најголема слава ја доживеа во редовите на белградска Црвена Звезда, смета дека Драган Џајиќ треба да ја преземе претседателската функција на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Џајиќ е еден од кандидати за нов претседател на ФСС, а Панчев посакува токму тој и да победи.

„Гледам дека Џаја е еден од кандидатите и секако сакам да победи. Во принцип секогаш сум за тоа некој позначаен поранешен фудбалер да ја води федерацијата, затоа што фудбалот е малку покомпликуван спорт и не е лошо да го води некој кој во него е цел живот. Џаја е еден од тие. Јас исклучително го ценам, беше голем играч, беше голем директор и секако многу допринесе за развој на југословенскиот и српскиот фудбал“ – вели Панчев во изјава за „Блиц“.

Не мисли дека годините се пречка, туку напротив…

„Природно е Џајиќ да биде претседател. Веќе е искусен, нема други обврски, така да може да се концентрира на сето тоа, со помош на оние кои ќе бидат со него. Може да ја подобри ситуацијата во српскиот фудбал, иако според мене таа состојба во српскиот фудбал последните неколку години е се подобра и подобра. Го поддржувам Џаја во секој случај“ – вели Панчев.

Изборот за нов претседател на ФСС е на 14. март. Драган Џајиќ засега е единствен кандидат за претседател, а кандидатура најави и Немања Видиќ.

Се вчитува...