Младиот Матеј Гашарови продолжува да ги освојува симпатиите во српската јавност откако младинскиот македонски репрезентативец одигра брилијантно на вечното дерби со Партизан.
Комплименти стигнуваат од сите страни, но еден од најголемите е од македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, кој го спореди Гаштаров со легендарниот шпански фудбалер Серхио Бускетс.
„Ми се допаднаа неколку фудбалери на Звезда, но особено ме импресионирашше Матеј Гаштаров. Звезда го има новиот Бускетс, Матеј многу ме потсетува на него. Многу е интелигентен, а неговиот фудбалски напредок е исклучително важен и за Црвена Звезда, но и за македонскиот фудбал“, истакна Панчев во изјава за српски „Журнал“.
Бускетс важи за еден од најтрофејните фудбалери во светот, тој има по една титула европски и светски првак со Шпанија, додека со Барселона освои девет титули во Ла Лига, седум во Копа дел реј, три во Лигата на Шампионите.
Јасно е дека Матеј е на почеток на својот фудбалски пат, но ваквите комплименти, особено од легенда како Панчев дефинитивно значат многу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
