Третата борба меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер ќе биде одложена поради пандемијата со коронавирусот. Дуелот кој е обврска од договорот за вториот меч најверојатно ќе биде во октомври наместо во јули со оглед на тешката ситуација со коронавирусот со која се соочува и боксот како и сите други спортови. Фјури е обврзан да му овозможи римеч на Вајлдер до крајот од јули, но со оглед на ситуацијата тешко дека ќе може да биде испочитуван овој термин.

„Нема никаква смисла да се продолжи со постечкиот план. Не знаме ниту дали МГМ ќе биде отворен дотогаш. Не можеме ниту да им гарантираме на борците ниту некаков конкретен датум. Ниту пак можеме да ги убедуваме да има борба. Каде би тренирале. Мора да се повлечеме“ – изјави промотерот Боб Арум.

Тој уште објаснува дека во моменталнава ситуација е комплетно невозможно да се организира ваков настан за кој воопшто во моментов не може ниту да се продаваат билети.