Пандев, Димитриевски и Адеми последни се приклучуваат на репрезентацијата

Горан Пандев, Столе Димитриевски и Аријан Адеми последни ќе се приклучат на фудбалската репрезентација на Македонија на подготовките за Европското првенство 2020 година. Тројцата репрезентативци на соиграчите ќе им се приклучат на 30. мај. Пандев и Адеми поради напорните сезони во Џенова и Динамо Загреб добија дополнителен одмор од селекторот Игор Ангеловски, додека Столе Димитриевски се уште има обврски со својот Рајо Валјекано во Ла лига 2.

„Црвено-жолтите“ првиот собир ќе го имаат вечерва во 20 часот во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Веднаш по пристигнувањето следува тестирање за Ковид-19, а веќе од утре репрезентативците почнуваат со тренинзите во Скопје.

Македонија пред стартот на шампионатот ќе одигра две пријателски средби, против Словенија на 1. и Казахстан на 4. јуни во Скопје.

Се вчитува...