Пандев е втор највозрасен стрелец на ЕП, знаете ли кој е првиот?

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски

Голот што Горан Пандев го постигна во првото полувреме од денешниот натпревар му обезбеди на македонскиот капитен место во историјата, како втор највозрасен стрелец на европските шампионати.

Пандев стрелаше прецизно на возраст од 37 години и 321 ден, со што се најде на втората позиција на оваа вечна листа. Пред Пандев на оваа листа се наоѓа само Австриецот Ивица Вастиќ, кој стрелаше прецизно на возраст од 38 години и 257 години на дуелот од ЕВРО 2008 против Полска.

За Горан Пандев ова беше 38. погодок во репрезентативниот дрес, со што е убедливо најдобар стрелец во историјата на македонскиот национален тим.

Се вчитува...