Пандев го урна митот за непобедливоста на Јуве

Горан Пандев повторно беше нерешлива енигма за италијанскиот шампион Јувентус. Капитенот на македонската репрезентација со гол и асистенција ја водеше својата Џенова до победа над Јувентус од 2-0 и прв овосезонски пораз за актуелниот првак.

По неверојатната партија против Атлетико Мадрид во која Кристијано Роналдо постигна три гола, тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри одлучи за овој меч да го одмори својот најдобар фудбалер. По 45 минути игра во една тактичка борба без многу убав фудбал и шанси, мируваа мрежите на двете страни. Второто полувреме продолжи во ист ритам се до 60. минута кога тренерот на Џенова, Чезаре Прандели реши во игра да го внесе Горан Пандев.

По само дванаесет минути поминати во игра, Пандев асистираше до Стефано Стураро за водство на домаќините од 1-0 и за делириум на трибините на „Луиџи Ферарис“. Во 82. минута по одлично изведената контра, Пандев со својот втор гол сезонава ја потврди победата на својот тим.

Се вчитува...