Пандев: Гол? Ништо не ме радува повеќе од победата!

ЕКИПА во Хаифа, Израел

Владимир Булатовиќ

Пандев е „гранде“ секогаш, ама кога ќе постигне гол за победа, тогаш си го потврдува епитетот што Италијанците одлично му го смислиле. Вечерва беше стрелец на победничкиот погодок што на Македонија и ја донесе најголемата победа во историјата на гости, на еден квалификациски меч. Го земавме скалпот на Израел, и големиот Пандев искрено се радува за тоа. Головите му се рутина, колку и овој да го чекаше долго во репрезентативниот дрес.

„Одигравме навистина тактички одличен фудбал. Имавме можност за гол уште во првиот дел, но ете дојде голот во вториот дел. Среќен сум што конечно погодив на квалификациски дуел, но верувајте победата како ништо друго не ме радува. Ова секако може да биде пресвртница од аспект на промена на нашиот менталитет… За да веруваме повеќе во себе!“, изјави Горан Пандев.

Се вчитува...