Пандев и Џенова немоќни пред Мкхитарјан, Интер испушти победа во Бергамо

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев одигра 30 минути за Џенова во поразот на домашен терен од 1-3 од Рома во 7. коло од Серија А.

Џенова беше немоќна пред „волчицата“ која победата ја најави со голот на Ерменецот Мкхитарјан во 45. минута.

Во вториот дел, најпрво Џенова израмни со голот на Пјаца во 50. минута, но потоа следеа уште два гола на Мкхитарјан за конечни 1-3. Пандев настапи од 61. минута на дуелот влегувајќи на местото на стрелецот Пјаца.

 

Интер имаше предност од 0-1 на гостувањето против Аталанта се до 80. минута од средбата. Лаутаро Мартинез донесе водство за „нераѕурите“ во 58. минута, но израмни Миранчук за домашните.

Се вчитува...