Пандев и Џенова поразени на гостувањето кај Болоња

Болоња стави крај на серијата на Џенова од три последователни победи во Серија А. Тимот на Горан Пандев денеска загуби со 2-0 од Болоња и со 30 бода остана на 13.позиција на табелата.

Македонскиот интернационалец и на овој меч беше стартер во составот на Давиде Балардини и ги одигра целиот натпревар, но не успеа да се запише меѓу стрелците.

Болоња поведе во 48.минута со голот на Матија Дестро, а подоцна Цезар Фалети го постави конечниот резултат и донесе триумф за домаќинот.

Се вчитува...