Пандев и Џенова се вратија од 2-0 и славеа на гостувањето кај Калјари (ВИДЕО)

Горан Пандев и неговата Џенова стигнаа до голема победа на гостувањето кај Калјари од 2-3 во 4. коло од новата сезона во Серија А. Домаќините имаа водство од 2-0 со головите на Жоао Педро и Цепители.

Сепак, гостите се разбудија и со голот на Матеа Дестро и двата на Фарсе успеаја да стигнат до целосен пресврт. Горан Пандев го стартуваше мечот и беше заменет во 62. минута.

Во останатите два меча од програмата во 15 часот, Специја – Удинезе 0-1 и Торино – Салернитана 4-0.

 

Се вчитува...