Пандев: Интер ми даде се во животот, не можев да славам…

Горан Пандев е спасителот на Џенова, откако токму македонскиот ас го постигна клучниот гол за победа над Интер и три бода со кои оваа екипа си го осигура опстанокот во елитното друштво. За Пандев ова беше трет гол на последните три домашни средби, покажувајќи дека кога се има верба во него, тој секогаш знае на најдобар начин да се оддолжи.

Јас секогаш го давам максимумот за Џенова, без разлика колку играм. Кога ќе ми се укажат вакви шанси настојувам да погодам, среќен сум што помогнав да ја оствариме оваа значајна победа. Мило ми е и за голманот Ламана, кој потврди дека е одличен чувар на мрежата. Јас го дадов победничкиот гол, но тој е најзаслужен за оваа победа“ – скромно изјави Пандев по натпреварот.

Тој не го прослави својот погодок во знак на почит кон Интер, клубот во кој мина бројни прекрасни моменти низ својата кариера.

Не можев да славам, па Интер ми даде се во животот. Да не заборавиме, овој клуб ме донесе во Италија како дете, ми даде шанса да се докажам, потоа и да освојам се што може да се освои. Јас вечно ќе им бидам благодарен на луѓето од овој клуб на кои им должам се за мојата кариера“ – истакна Горан Пандев.

Се вчитува...