Пандев јасно стави до знаење што мисли за новиот дрес

Новиот дрес на македонската репрезентација што нашите фудбалери ќе го носат на ЕВРО 2020 предизвика бурни реакции поради избраната бордо боја.

На оние на кои дресот не им се допаѓа вечерва им се приклучи и капитенот Горан Пандев, кој на својот инстаграм-профил објави фотографија како го држи стариот дрес на Македонија, и тоа оној од историскиот меч во Тбилиси против Грузија на кој „црвено-жолтите“ стигнаа до историски пласман на овој европски шампионат.

Се вчитува...