Пандев казнет со 2.000 евра поради лоша глума

Горан Пандев ќе треба да плати 2.000 евра како казна на Италијанската Фудбалска Федерација поради жолтиот картон заработен на неделниот натпревар меѓу Џенова и Лацио. Македонскиот ас во судиското продолжение се обиде да изнуди пенал, правејќи го тоа многу лошо и доби жолт картон од главниот судија.

Во образложението за казната дисциплинската комисија објави дека „Пандев симулираше за да добие пенал во противничкиот шеснаесетник, за што ќе треба да плати 2.000 евра“.

„Дисциплинците“ одредија и суспензии од по еден натпревар неиграње за 12 фудбалери во пресрет на следното коло од „Серија А“, кое ќе го пропуштат: Жоао Педро (Калјари), Берарди (Сасуоло), Емре Џан (Јувентус), Де Рон (Аталанта), Сусо (Милан), Депаоли (Киево), Фофана (Удинезе), Џакерини (Киево), Инсиње (Наполи), Линети (Сампдорија), Ринкон (Торино) и Скиатарела (СПАЛ).

Се вчитува...