„Пандев ќе продолжи да игра, тој ми е како татко, сите го чекаме со раширени раце…“

Екипата на Џенова веќе се наоѓа во Австрија, каде калчолигашот ја минува првата фаза од подготовките за наредната сезона во Серија А. Во тимот го нема Горан Пандев, чиј договор истече со крајот од ланската сезона, а Македонецот се уште е на одмор и нема одговорено на понудата за продолжување што до него ја испрати претседателот Пречиози.

Фудбалерите на Џенова со нетрпение го очекуваат одговорот на македонскиот ветеран, но и се убедени дека тој наскоро ќе им се приклучи на тренинзите. Еден од нив е и Франческо Касата, 23-годишниот играч за врска кој имаше одличен однос со последните сезони.

„Тренираме со полна пареа и го чекаме Пандев. Од она што го разбрав тој е на одмор, но ќе продолжи да игра и ќе ни се приклучи. Сака да игра уште една година пред навивачи на трибините, што е одлично за сите нас. За мене лично, тој ми е како татко во екипата. Фантастичен е во советувањето и помошта на помладите играчи. Сите сме едногласни во ставот дека тој ја прави Џенова подобар тим и го чекаме со раширени раце“,  изјави Касата.

Се вчитува...