Пандев „краде“ и асистира (видео)

Џенова не успеа да го изненади фаворитот Рома, губејќи со 2-1 на гостувањето во Рим. Горан Пандев вообичаено се чувствува „како дома“ на „Олимпико“, па македонскиот ас одигра квалитетен меч и вечерва, учествувајќи во акцијата при единствениот гол на Џенова.

Пандев одлично украде една топка на средината на теренот и милиметарски прецизно го проигра во простор Лападула, кој потоа со лоб удар ги постави конечните 2-1.

Се вчитува...