Дарко Панчев даде изјава со која ја разбранува македонската јавност велејќи дека секоја чест за Горан Пандев, но дека Македонија со него во тимот знаела да загуби и од Андора, а дека со неговото заминување во пензија голем дел од играчите успеале повеќе да се развиваат.
Горан Пандев за „Фокус“ одговори на провокацијата на Панчев, велејќи дека само му е криво за успесите на Македонија.
„Немам што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европското првенство и баражот за Мундијалот во Катар“, изјави Пандев за „Фокус“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА