Панчев: Со Пандев имавме пораз од Андора, а оваа Македонија има некои нови лидери

Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да приреди ново изненадување, откако синоќа со 2-0 беше поразена на гостувањето кај Португалија во финалето од баражот за пласман на Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Катар.

За успехот на македонската репрезентација осврт и на македонскиот фудбалер на 20. век, Дарко Панчев кој вели дека придонесите на Пандев за македонскиот фудбал се неспорни, но дека со него во тимот Македонија претходно немала позабележителни резултати а има пораз од Андора, се до моментот додека на сениорскиот национален тим не се приклучи актуелната генерација млади фудбалери која предводена од Благоја Милевски се пласираше претходно и на младинското ЕП 2017 во Полска.

„Придонесите на Горан Пандев за македонскиот фудбал се неспорни. Не треба да се заборави дека неговиот гол во плеј-оф натпреварот против Грузија нè однесе на Европското првенство. Сепак, еднаш загубивме и од Андора со него во стартниот состав. Но, може да се види дека откако си замина во пензија, играчи како Елмас, Барди или Адеми можат уште повеќе да се развиваат, што е многу корисно за квалитетот на репрезентацијата“, вели Панчев.

Околу селекторот Милевски тој вели вели дека е најдобриот македонски тренер и мора да добие нов долгогодишен договор.

„Да бев претседател на федерацијата, веднаш би му го продолжил договорот на уште четири години. Многу сум импресиониран од неговата работа и неговиот концепт, особено што претходно има направено одлична работа со младинскиот тим. За мене тој е најдобриот национален селектор што сме го имале на клупата досега“, завршува Панчев.

Се вчитува...