Пандев на клупа Џенова во финишот изгуби три бода против Фиорентина (ВИДЕО)

Џенова во последните моменти испушти победа против Фиорентина и одигра само 1-1 во натпревар од 10 коло во италијанската Серија А.

Од вториот дел за издвојување е поништениот гол на Џакомо Бонавентура во 70. минута. Главниот судија на мечот по проверка со ВАР собата го поништи голот бидејќи на стартот на акцијата Бонавентура го фаулираше противникот. По неискористените шанси на виолетовите следеш казна од страна на Марко Пјаца кој во 89. минута донесе водство за гостите. Сепак, до крај Фиорентина успеа да се спаси со голот на Миленковиќ во 97. минута.

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев на мечот остана на клупата за резерви.

Се вчитува...