Пандев: На теренот да покажеме дека сме фаворити – и да победиме!

Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува нов квалификациски предизвик. В петок му гостува на Лихтенштајн и за првпат се наоѓа во фаворитска улога. Ова е меч кој едноставно мора да се добие. Капитенот Горан Пандев е доволно искусен за да знае дека лесно е да каже, но тоа треба да се исполни на теренот. Таму „црвено-жолтите“ треба да покажат дека се поквалитетни од домаќинот Лихтенштајн.

„Не сакаме да зборуваме за било кој натпревар дека сме фаворити, тоа треба да го покажеме на теренот. Не очекува натпревар кој може да ни донесе многу позитивни работи, да ни ја врати самодовербата и повторно да бидеме во позиција да се бориме за подобро место во квалификациската група. Мораме да направиме сѐ што е во наша моќ за да го победиме Лихтенштајн. Знаеме дека во фудбалот нема лесни противници и лесни натпревари, а единственото важно е да се освојат бодовите. Добро се подготвуваме, ќе влеземе мотивирани и се надевам дека најпосле ќе запишеме победа“, истакнува Пандев во пресрет на утрешното заминување за Лихтенштајн.

Се вчитува...