Пандев остана на клупата, Џенова доби четири „парчиња“ од Каљари

Каљари стигна до неочекувано убедлива победа од 4-1 против Џенова во првиот денешен натпревар од 20. коло во Серија А.

И покрај тоа што гостите први дојдоа до предност од 0-1 во 28. минута со убавиот гол на Симеоне, сепак, домашните со комплетен пресврт заслужено стигнаа до трите бода.

Giovanni Simeone Goal HD – Cagliari 0-1 Genoa… by enteritament

Најпрво во 40. минута Бориело израмни, а пред полувремето во 44. минута и Жоао Педро постигнал гол за водство на Каљари од 2-1.

Во второто полувреме стрелаа уште и Бориело во 60. минута и Фариас од пенал во 64. минута за конечни 4-1.

Cagliari vs Genoa 4-1 ~ All Goals & Highlights by Sports_HD

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев остана само на клупата за резервни фудбалери на Џенова, не добивајќи воопшто можност за настап. Џенова го врза и четвртиот едноподруго пораз во италијанското првенство останувајќи со 23 бода, во моментов на 13. место на табелата.

Се вчитува...