Пандев: Отсуството на Елмас е предност за Италија

Македонската фудбалска репрезентација вчера пристигната во Палермо и веќе се подготвува за натпреварот од плеј-офот за Светското првенство. Момците на Благоја Милевски не важат за фаворити на овој дуел, а дополнителен проблем за нас ќе биде и отсуството на Ељиф Елмас.

Во пресрет на двобојот со европскиот првак, за италијанските медиуми своја анализа даде Горан Пандев. Нашата македонска фудбалска легенда го потенцираше отсуството на Елмас, а дополнително ја прокоментира и репрезентацијата на Италија.

„Отсуството на Елмас е предност за Италија бидејќи тој е клучен во играта на Македонија. Доколку играше, навистина ќе беше најголема опасност кон „аѕурите“. Ситуацијата во Италија е поинаква, тимот може да си дозволи да изостави играч како Балотели. Во Италија има многу млади играчи, како и дел од тие кои дојдоа до трофејот на Европското првенство. Споредено со ситуацијата пред 20 години, кога дојдов во Италија, самото техничко ниво на Серија А е пониско. Поради тоа, многу повозрасни играчи како мене, Ибрахимовиќ, Кјелини или Кваљарела сè уште може да играат многу добро“, изјави Пандев.

Македонија ќе и се спротистави на Италија утре на „Ренцо Барбера“ во натпревар кој стартува во 20.45 часот. Победникот од овој натпревар ќе оди на мегдан со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција, во битка за едно од четирите плеј-оф места на Мундијалот.

Се вчитува...