Пандев по влезот во „Клубот 100“: И јас не очекував дека ќе стигнам до оваа бројка…

Горан Пандев е првиот македонскиот фудбалер во историјата кој успеал да стигне до бројката од 100 гола во една од најсилните пет европски лиги. Извонредно достигнување на македонскиот репрезентативец како круна на беспрекорната сезона и пласман со Македонија на ЕВРО 2020 ова лето.

„Секако пресреќен сум за стотката. Среќен сум што рекордот го остварив во дресот на најстариот клуб во Италија“ – истакна Пандев веднаш по синоќешниот натпревар на Џенова на кој постигна два гола во ремито (2-2) против Беневенто.

„Да бидам искрен и јас не очекував дека ќе стигнам до оваа бројка затоа што не сум прв напаѓач во тимот. Верувам дека, и покрај тоа што сега не победивме, ќе избориме опстанок сезонава со Џенова. Што се однесува до мојата иднина, плановите се да ја завршам кариерата по настапот на ЕВРО 2020. Но, останува по крајот на првенството да разговарам со претседателот и со директорот на клубот. Физички се чувствувам одлично, па ќе видиме после ЕП“ – вели Пандев.

Се вчитува...