Пандев поради повредата од пред мечот со Украина не го одработи денешниот тренинг во Амстердам (ФОТО)

ЕКИПА во Амстердам,

Роберт Спасовски (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација утрово го одработи денешниот тренинг во Амстердам, но без капитенот Горан Пандев кој има повреда на зглобот која ја влече уште пред натпреварот со Украина во Букурешт.

Како што информираа од стручниот штаб, Пандев и под инјекции го одиграл дуелот со Украинците, но поради повредата денеска доби одмор за тренингот во тренинг-базата на Ајакс.

Деновиве ќе биде под лекарски третман во надежта да настапи на последниот натпревар на Македонија на ЕВРО 2020 против Холандија во понеделник (21. јуни) на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам.

Се вчитува...