Македонската фудбалска икона Горан Пандев утре (13 јуни) е поканет да биде дел од големиот хуманитарен спектакл кој ќе се одржи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, во мечот меѓу легендите на Интер и Реал Мадрид.
Ветераните на двата тима ќе ги одмерат силите на традиционалниот „Корасон Класик Меч“.
Во дресот на Интер, покрај Горан Пандев, ќе бидат и легендарните членови на шампионски генерации на „нераѕурите“ како Занети, Камбиасо, Кандрева, Мајкон, Лусио, Пацини, Родриго Паласио, Давид Суазо…, а тимот ќе го предводи клупската легенда Џузепе Бергоми, а во експедицијата е и поранешниот голман Франческо Толдо, кој денес е дел од проектот за легенди на миланскиот клуб.
Пандев е дел од златниот состав на Интер кој во 2010 година, под водство на Жозе Мурињо, ја освои титулата во Лигата на шампионите, токму на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
