Пандев пред историското ЕВРО 2020: Благодарам Македонијо!

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Роберт Спасовски (ФОТО)

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев е свесен за благодарноста која целокупната македонска јавност ja носи кон фудбалерите за овозможеното учество на Европското првенство во фудбал.

Сепак, низ видео-разговорот со ЕКИПА на ден пред деби-натпреварот на ЕВРО 2020 против Австрија, најдобриот македонски фудбалер не ја крие и благодарноста од него до Македонија и сите

„Мора да го искористам моментот и да искажам благодарност и до вас медиумите, сите вие кои долги години сте постојано со нас, за поддршката која ја дававте и тогаш кога националниот тим не беше на своето ниво. Тоа многу значи. Благодарност и до сите навивачи, истакнати општествени личности, поединци, спортисти и јавни личности чија поддршка изминатиов период силно допира до нас. Може да искажеме само благодарност за цела Македонија, а ние ќе се потрудиме уште еднаш да донесе радост во овие тешки времиња“ – одговори Пандев на прашањето на ЕКИПА.

На сето тоа се надоврзува и селекторот Игор Ангеловски дополнувајќи дека без поддршката од медиумите и јавноста сите овие години тешко и дека можело да се стигне до успесите кои сега ги живее националниот тим.

„И јас би сакал да искажам благодарност до медиумите кои секогаш се дел од спортските успеси. Сето тоа носи сепак и обврска и кај мене и кај фудбалерите да се оправда довербата, затоа што секогаш можеме и мораме да се стремиме и кон уште повисоки цели“ – истакна Ангеловски.

Се вчитува...