Горан Пандев на залезот на кариерата продолжува да урива рекорди, откако Македонецот стана прв ас од просторите на поранешна Југославија што стигнал до 100 постигнати гола во Калчо-лигата.
Голем дел од соиграчите со кои Пандев настапуваше низ кариерата сега веќе имаат поинакви функции во светот на фудбалот, а присутен на неговиот голем јубилеј беше Пасквале Фоџа, со кого македонскиот голгетер ја делеше соблекувалната во Лацио.
Фоџа по завршувањето на играчката кариера стана директор на Беневенто, па сигурно по мечот и сподели дел од своите искуства, со оглед на најавите дека и Пандев од наредната сезона ќе има слична функција во Џенова. А во меѓувреме, „Гранде Пандев“ и на 37-годишна возраст ќе остане напаст за противниците на терените ширум Италија до крајот на сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА