Пандев со овации од соиграчите пречекан на тренинзите на Џенова (ФОТО)

Горан Пандев си го исполни најголемиот предизвик во кариерата, ја одведе Македонија на еден европски шампионат, по што нашиот најдобар фудбалер доби дозвола да ја напушти репрезентацијата и да се врати назад во Џенова.

Желбата е јасна, Пандев да му помогне на својот тим во борбата за опстанок, откако Џенова слабо ја стартуваше новата сезона. Македонецот беше во центарот на вниманието на овој тренинг, добивајќи честитки од соиграчите за огромниот успех на репрезентативен план.

Џенова во првото коло по репрезентативната пауза ја очекува гостување против екипата на Удинезе.

Се вчитува...