Пандев со гол против Торино стави печат на сезоната (видео)

Горан Пандев со гол во последното коло против Торино стави печат на својата одлична сезона во дресот на Џенова. Неговиот тим денеска загуби на домашен терен со 1-2, а Пандев влезе во игра на стартот од вториот дел, при резултат 0-1 и во 80. минута ги постави конечните 1-2 откако се најде на вистинско место во вистинско време и ја смести топката во мрежата по недоразбирањето во редовите на гостите.

Се вчитува...