Пандев со порака до навивачите на Џенова: Ви благодарам за пораките со кои ме убедивте да останам (ФОТО)

Легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев на 38-годишна возраст се одлучи да ја продолжи клупската кариера на најмалку уште една сезона, а останува во редовите на Џенова каде е од 2015 година.

Пандев 21. сезона од својата кариера ќе ја започне во сабота на натпреварот против неговиот некогашен клуб Интер, а во пресрет нa мечот им се обрати на навивачите за кои вели дека се едни од најзаслужните за неговата одлука да остане во клупскиот фудбал.

„Во сабота почнува Серија А и горд сум што повторно ќе го носам овој дрес. Сакам да им се заблагодарам на претседателот, на целата заедница, тренерот, стручниот штаб, моите соиграчи и сите вие фанови. Благодарен сум на секој од вас за пораките кои ми ги праќавте со кои ме убедивте да останам. Не можам да дочекам да ве поздравам на Ферарис. Напред Грифон“, напиша Македонецот на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

Се вчитува...