Пандев: Целта на Академија Пандев во новата сезона е излез во Европа

Горан Пандев деновиве пред почетоците на активните подготовки со Џенова за новата натпреварувачка сезона, во Бугарија ги следи пријателските натпревари на својот клуб Академија Пандев кој летните подготовки ги реализира во Банско.

Пандев во изјава за бугарскиот „Спортал“ вели дека амбициите на клубот за новата сезона се обезбедување европски излез.

„Целта на Академија Пандев во новата сезона е да се бори за Европа. Верувам дека можеме да се бориме за првите три позиции во шампионатот на Македонија. Имаме добар тренер, квалитетни млади играчи и со добар трансфер период верувам дека можеме да создадеме тим за водечките места во лигата. Има неколку фудбалери на проба во моментов по што и дефинитивно ќе се знае списокот на засилувања“ – вели Пандев.

ФОТО: www.sportal.bg

Се вчитува...