Пандев закован на клупата, Џенова го загуби и градското дерби

Градското дерби меѓу Џенова и Сампдорија донесе голема радост на гостинските играчи и навивачи откако „сино-белите“ славеа со минимални 0-1 над големиот ривал.

Во меч без многу шанси поконкретни беа гостите, кои најпрвин на стартот од второто полувреме преку Муриел ја погодија гредата, за во 71. минута истиот фудбалер да го постигне единствениот гол на средбата откако од петнаесетина метри го погоди долниот агол од голот на Џенова.

Горан Пандев ниту на овој натпревар не влезе во игра, дури и во ситуација кога неговиот тим бркаше резултат, по што и повеќе од јасно е дека нашиот голгетер ги брои последните месеци како член на овој тим, за кого не постигна ниту еден единствен погодок во Серија А.

Luis Muriel Goal HD – Genoa 0-1 Sampdoria – 11… by Gol-Live

Се вчитува...