„Пандевци“ го сакаат „скалпот“ на Работнички, Стојкоски вели дека и „романтичарите“ ќе играат на победа во Струмица

По победата на стартот од сезоната Работнички во 2. коло од ПМФЛ ја очекува сериозно гостување во Струмица против Академија Пандев.

Тимот на Александар Влахо сака да продолжи во позитивен ритам и на овој натпревар. Капитенот Кристијан Стојкоски смета дека со колективен дух и максимално залагање Работнички може да ја оствари целта во Струмица.

„Премиерното издание може да не радува, одигравме квалитетен меч против Борец и успеавме да стигнеме до триумф. Сега сакаме да продолжиме во ист ритам на гостувањето во Струмица. Академија Пандев е квалитетен тим, но и ние веруваме во своите способности и доколку одиграме на потребното ниво, мислам дека можеме да оствариме позитивен резултат. Цела е да освоиме бодови и во Струмица“ – вели Стојкоски.

Но, и во таборот на Академија Пандев се желни за прва победа сезонава по ремито во претходното коло со Струга ТЛ. Составот на Александар Васоски сака да го искористи домашниот терен да се дојде до трите бода.

Натпреварот меѓу Академија Пандев и Работнички се игра во вечерен термин, од 20 часот. на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, а ќе го суди Владимир Ѓорѓиевски од Битола.

ПМФЛ – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)

Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

Скопје: СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА

Велес: БОРЕЦ – ТИКВЕШ

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (20 ч.)

Се вчитува...