„Пандевци“ ремизираа со корејски Даежон (2-2) за крај на подготовките во Анталија

Во шестиот свој натпревар на подготовките во Анталија, фудбалерите на Академија Пандев го запишаа и второто реми.

„Пандевци“ денеска одиграа без победник (2-2) против корејскиот второлигаш Даежон во натпревар во кој имаа предност по првото полувреме со погодокот на Димов во 37. минута. Стрелец на вториот погодок беше Велиновски. Академија Пандев играше во следниот состав: Вујанац, Атанаскоски, Димов, Илиев, Чешмеџиев, Иванов, Атанасов, Пандев, Грифони, Миловановиќ, Балдовалиев.

Во второто полувреме влегоа уште: Скендери, Марков, Велиновски, Дончев, Николов и Ганчев.

Претходно, Академија Пандев одигра пет натпревари, притоа само со едно реми, против азербајџански Сумкајат (1-1), и четири порази од Приштина (0-3), Младост Лучани (0-1), Краковија (1-4) и Енисеј (0-1).

Се вчитува...