Паника на Ролан Гарос: Зверев играл болен против Синер

Александар Зверев предизвика паника меѓу организаторите на Ролан Гарос и тенисерите на овој турнир откако обелодени дека играл болен на денешниот меч против Јаник Синер. Германецот неочекувано претрпе пораз, а по мечот откри дека веќе неколку дена има зголемена температура.

„Бев многу болен уште од мечот со Чекинато што го играв во петокот. Не можев да дишам, имав треска, претходната ноќ имав 38 степени температура. Не бев најподготвен за денешниот меч, тоа се одрази на мојата игра и на резултатот. Можеби и не требаше да излезам на терен, но мислев дека ќе победам лесно во три сета“, изјави Зверев, кој не одговори на прашањето зошто влошената здравствена состојба не ја пријавил кај одговорните лица.

 

Се вчитува...