Паника на „Сантијаго Бернабеу“: Писмо со бел прав за Флорентино Перез

Реал Мадрид е во паника, откако вчера на адреса на клубот пристигнало писмо со сомнителна содржина. Адресирано е конкретно за претседателот на клубот, Флорентино Перез, а во него имало бел прав. Веднаш се превземени сите мерки, во клубот пристигнал антитерористички одред, заедно со полицијата и противпожарните служби, кои одработиле комплетен протокол како во случај на напад со биолошко оружје.

Стадионот „Сантијаго Бернабеу“ сега е под посебна контрола на полицијата, иако вработените во канцеларијата на Реал Мадрид истакнале дека ова не е првпат и дека досега веќе наколку пати биле во слични ситуации.

Писмото со бел прав е испратено на детална анализа во лабораторија, а резултатите ќе бидат познати по три дена.

Реал Мадрид утревечер на домашен терен го пречекува тимот на Бетис во рамките на Примера.

Се вчитува...