Паника во Далас: Дончиќ го повреди коленото

Далас влезе во губитничка серија по олстар викендот, но многу поголеми главоболки од поразите на челниците на клубот и на тренерот Карлајл им создава повредата на Лука Дончиќ. Словенецот е главен фаворит за „дебитант на сезоната“ во НБА, но можно е да мора да паузира до крајот на сезонава откако заработи незгодна повреда на коленотоз а време на неделниот натпревар со Сан Антонио.

Локалните медиуми во Далас откриваат дека Дончиќ се пожалил како нешто му „излегло од коленото“ при еден продор под противничкиот кош. Тој остана на теренот до крајот на натпреварот, но потоа со болна гримаса на лицето се упати кон соблекувалната.

„Не сум сигурен кога ќе може да се врати назад на теренот, можам само да кажам дека има повреда на коленото. Само се надевам дека не е ништо сериозно, наскоро ќе биде позната и должината на паузата“ – изјави тренерот Рик Карлајл.

Се вчитува...