Паника во ЛА Лејкерс: Дејвис најави заминување?!

Ентони Дејвис имаше одличен почеток на сезоната во дресот на ЛА Лејкерс, но доминантниот центар ги разочара навивачите на „езерџиите“, најавувајќи дека лесно може да се случи летово да го напушти овој клуб. Актуелниот договор на Дејвис истекува на крајот од сезонава, челниците на клубот од Ел-Еј не кријат дека сакаат да го задржат уште долго во клубот, но поранешниот ас на Њу Орлеанс е заинтересиран за нов предизвик, особено во неговиот роден град Чикаго.

Не можам сега да кажам дека ќе останам. Не знам, следната година ќе бидам слободен агент, па ќе ги разгледам сите опции. Чикаго е кошаркарската Мека, ги имаше нјдобрите кошаркари во историјата. Погледнете ја историјата, некој вели дека тоа е Њујорк, но Њујорк не му е ниту блиску на Чикаго“ – истакна Дејвис.

Овој кошаркар сезонава во дресот на ЛА Лејкерс има дабл-дабл просек од 28,5 поени и 11,5 скокови по натпревар.

Се вчитува...