Ургвајската репрезентација е во паника по повредата на стандарниот дефанзивец Роналд Араухо. Играчот на Барселона го повреди коленото, и веќе се упати кон Барселона на дополнителни прегледи.
Медиумите истакнуваат дека не е доведен во прашање настапот на Светското првенство, но можеби ќе мора да паузира на првите натпревари. Прегледите ќе покажат за тежината на повредата, а Уругвајците се во исчекување.
Араухо е еден од главните адути на Уругвај за добар резултат и настап на Мундијалот. Тој можеби ќе го пропушти мечот со Саудиска Арабија на 16 јуни, а под знак прашалник е за мечевите со Капе Верде на 22 јуни и против Шпанија пет дена подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
