Пaнтуро победник на велеслаломот во Солдеу, малиот кристален глобус за Хиршер

Алекси Пaнтуро е победник на последниот велеслалом во сезоната во Светскиот куп во aлпско скијање во машка конкуренција, кој денеска се одржа во Солдеу, во Андора. Французинот до победата стигна со вкупно време од 2:16.06 минути, што беше за 44 стоти делови од секундата подобро од Марко Одермат од Швајцарија. Третото место му припадна на Словенецот Жан Крањец кој беше за една секунда и три стотинки послаб од времето на победникот.

Малиот кристален глобус во оваа конкуренција му припадна на Австриецот Марсел Хиршер кој денешната трка ја заврши на шестата позиција.

Сезоната во Светскиот куп во машка конкуренција ќе се комплетира со утрешната слаломска трка.

Се вчитува...